Реклама
Економија

Регулаторна ќе ја преиспитува пресметката на потрошена струја според блокови

Нов начин на премсетка за поторшената струја од страна на граѓаните, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов начин на премсетка за поторшената струја од страна на граѓаните, како пофер мерка најавија од Регулаторната комисија за енергетика. Ќе се преиспитува досегашниот систем поделен на блокови, бидејќи граѓаните за ист производ сега плаќаат различна цена.

„Мој личен став е дека треба се да се отвори. И ова прашање ќе го разгледаме. Ќе направиме анализа од досегашното искуство, бидејќи ова веќе неколку години е важечко и ќе видиме со искуствата од регионот како и дали може бешто да се направи подобро се во интерес на крајниот птрошувач“, рече Ацо Ристов, Претседателот на РКЕ

До крајот на годинава, Македонија се очекува да биде енергетски независна. Од Регулаторна очекуваат целокупната произведена струја да биде доволна за домашниот пазар. Но, вишоците на произведената струја од обнивливи извори засега не можат да се продадат во ЕУ,поради тоа што доцниме со усогласување на регулативите со УНИЈАТА.

Реклама

„Очекуваме дека оваа година би требало до крај на година да ја завршиме домашната задача поврзана и со сертификација и со одвојување на обновливите извори од изворите кои произведуваат од фосилни горива за да може конечно оние сите инвеститори домашни и странски во државата да следната година да станат учесници на европскиот обединет пазар како би се надминале овие проблеми сега реално ги имаат производителите бидејќи не можат да ја плсираат енергијата во Европа“, дополни Ристов.

Од Регулаторна засега не знаат за дали воопшто или за колку би се зголемила цената на струјата, додека пак за парното се очекува одулука до крајот на јули.

„Во овој момент не знаеме дали ќе биде нешто поголема, веројатно заради инфлаторните случувања ќе се случат некакви зголемувања, меѓутоа не се очекува да биде тоа нешто драстично, бидејќи сепак гасот уште еднаш потенцирам не е така на пазарите флуктуиран, односно не расте цената на гасот како што е кај нафтените деривати“, додаде Ристов.

Ако цената на гасот не флуктира, тогаш цената на нафтата на светските берзи се менува на дневно ниво. Но, граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи снабдувањето со нафта ќе остане стабилно. Според регулаторна, потрошувачката и побарувачката на нафта и нафтени деривати е минимално зголемена, а продуктоводот со Грција е искористен само околу 50%.