Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Реформа на Судскиот совет со козметички корекции?!

Шминка или реформа на Судскиот совет? Препораките на Оценската мисија треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шминка или реформа на Судскиот совет? Препораките на Оценската мисија треба да го реформираат Судски, но дали тоа ќе се случи ако за изборот на членови, новиот закон помине со козметички корекции. Избраните членови на предлог на Собранието и шефот на државата фрлаа сомнеж за политичко влијание во Советот и ја поткопуваа довербата кај стручната јавност и граѓаните. Не се знае какви препораки дала Оценската мисија за предлогот на претседателот на државата за членови на советот, но затоа во делот на изборот кој што го прави Собранието, речиси и да нема разлика.

Освен терминот истакнати правници за кои се креваше најголема врева, останатите измени се горе долу исти. Оценската мисија препорачува овој термин да не постои во новиот закон, а Собранието да избира кандидати предложени само од Адвокатската комора и Интеруниверзитетската конференција.

Дел од препораките на Оценската мисија за избор на членови на Судскиот совет СЛИКА ОД СУДСКИ СОВЕТ

Реклама

На огласот на Собранието на Република Северна Македонија за избор на член на Совет, свои предлози за член да даваат:
1. Интеруниверзитетската конференција, со кандидати од редот на редовни професори по право со професорски стаж од најмалку 20 години од првите три најдобро рангирани универзитети во државата;

2. Адвокатската комора на Република Северна Македонија со кандидати од редот на адвокатите со адвокатски стаж од најмалку 20 години

И досега Собранието предлагаше членови, а пратениците ги гласаа. Според актуелниот Закон за судски совет, членовите треба да се од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставен суд, меѓународни судии и други истакнати правници.

Разликата е во тоа што досега кандидатите што ги избираше Собранието требаа да имаат 15 години искуство, а според новите препораки 20.

Министерсво за правда заедно со странски експерти од наредната недела ќе организираат јавни расправи на кои ќе се дискутира за препораките на Оценската мисија и новите законски решенија за судски и обвинителски совет.

Последниве години Судскиот совет и Советот на јавни обвинители носеа скандалозни одлуки за кои реагираа и меѓународните претставници во земјава, а довербата на граѓаните во правосудството падна на 2 проценти.

Премиерот Христијан Мицскоки предложи распуштање на советот и можност судиите самите да га вршат изборот на членови од своите редови. Меѓународна заедница повика да се применат препораките на Оценската мисија.

Според последната анкета на Маркет Вижн, граѓаните се со поделено мислење за распуштање на Судски. 43 отсто одговориле позитивно, а за 33 отсто тоа е негативна мерка.