Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Прилози

Редовни опозициски пратенички прашања во Собрание

Стопираната исплата на средствата од ИПАРД програмата, билатералниот спор со Бугарија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопираната исплата на средствата од ИПАРД програмата, билатералниот спор со Бугарија и работата на историската комисија, економскиот развој, минималната плата, потребата од нови вработувања во судско-обвинителскиот систем – се меѓу темите за кои пратениците од опозицијата бараа одговори од владините претставници на седницата за пратенички прашања.

Одговарајќи на прашањето што му го постави пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заменик-министерот за земјоделство Хоџа напомена дека ЕУ го поздравила брзото реагирање на државните институции во врска со случајот ИПАРД 3. Николовски, пак, побара оставка од министерот Цветан Трипуновски поради доцнењето на исплатата за земјоделците.

„И еден договор да е доведен во прашање, една инвестиција, еден човек кој ги чека парите, треба да биде предмет на ваша расправа во Владата. И не е точно дека се 50, 453 договори се склучени, а 180 не се исплатени. Дополнително, сте тргнале 40 проценти од раководниот кадар што ви е забележано и од ЕУ“, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Реклама

„Ќе дадам одговори писмено веднаш по седницата, само да го потсетам Николовски дека МЗШВ покрена неколку процедури во Обвинителството за неговата работа додека беше министер. Кога вие сте го воделе МЗШВ, сте формирале комисии со три члена надвор од сите законски процедури само за да се дадат грантови од 10.000 евра за производство на вино“, потенцира заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа.

Ниту една седница не поминува без темата евроинтеграции и билатералниот спор со Бугарија. Опозициската Левица побара одговори за начинот на работа на историската комисија, а министерот за надворешни работи ги повтори позициите – ниту ревизија на историјата ниту нешто што загрозува македонски идентитет нема да биде спроведено.

Во фокусот на пратениците од СДСМ, пак, беа трошоците за живот, инфлацијата и предлозите за зголемување на минималната плата. Владата уште претходно остави отворен терен за тоа да се договорат синдикатите и работодавачите.