Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Рече, па одрече: Пендаровски сепак размислува за втор претседателски мандат

Остечно не, без образложение од претседателот Пендаровски за тоа, дали тој размислува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остечно не, без образложение од претседателот Пендаровски за тоа, дали тој размислува за уште еден мандат за претседател на државата.

  • „Претседателе, размислувате ли за втор претседателски мандат? – Не.“ – Кратко одговори Пендаровски.

Од кабинетот на Пендаровски за Алфа ја дообјаснуваат кусата негација од Претседателот на државата, но повторно е нејасно, дали името на Пендаровски ќе се најде на гласачко ливче на изборите на пролет.

  • „Претседателот во моментов е фокусиран на работата за која го плаќаат граѓаните“ – објаснуваат од Кабинетот на претседателот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека на конвенција ќе ја одберат личноста со која ќе се тркаат за шеф на државата.

Реклама
  • „Отпочнаа и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна Конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.И за избор за претседател и на парламентарните избори очекуваме историски голема победа по која што ќе се случат промените во Македонија.“ – Порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Од владеачката СДСМ се уште тактиизираат. Порачаа дека предизборно формираат „Про европски фронт“.

  • „Ги повикуваме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината ја гледаат како полноправна членка на ЕУ, да се приклучат кон европскиот фронт“ – Изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

Во јавноста се повеќе се шпекулира дека внатрепартиските фракции во СДСМ веќе се борат за тоа кој ќе биде нивниот претседателски кандидат, имајќи предвид дека во игра влезе и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој два дена по исчезнувањето на ученичката Вања, на социјалните мрежи ги соопшти амбициите за нов претседател на Македонија.

Никола Цветкоски