Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат, пишува во реакцијата на Министетството за образование и наука на прес-конференцијата на Јованче Манасков од СДСМ.
И на власт и во опозиција – СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење, наведува МОН во реакцијата.
Основна законска надлежност на Државниот просветен инспекторат е да спроведува редовни контроли врз работењето на образовните установи и да постапува по претставки и иницијативи на граѓани, кои, пак, се распределуваат во зависност од моменталниот расположлив кадровски капацитет на институцијата. Се разбира, секаде каде што ќе се констатираат неправилности, се преземаат соодветни мерки, а неверојатно е како оваа политичка партија секогаш застанува во одбрана на противзаконското работење и поддржува непочитување на правниот систем.

Нерегуларности се констатирани и во работењето на средното училиште „Панче Арсовски“ кое денес беше посочено на прес-конференцијата на СДСМ и секако дека и таму се постапува како што наложуваат законските прописи. Таквото постапување оваа партија го смета за политичка пресметка. Тоа го кажуваат јавно и на прес-конференции и, всушност, пропагираат искривени вредности.
Очигледно е дека нивната болка е што конечно образованието го добива потребното внимание од една Влада. Стопиран е слободниот пад и расчистен е хаосот кој го создадоа четири министри за образование во седумгодишното владеење на СДСМ.
За две години вложени се над 70 милиони евра во образовната инфраструктура, набавени се нови наставни програми, учебници има по сите предмети и се достапни на 1 септември, унапредена е инклузивноста, системот на стипендирање ученици и студенти, донесена е нова законска регулатива усогласена со европското право. Се залагаме за воведување на концептот на едносменска ефективна настава во сите училишта каде што е тоа возможно. Зголемени се платите на наставниците за над 20 отсто.
По однос на училиштата во руралните средини кои сами времено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади!
Актуелната Влада и раководството на МОН остануваат посветени кон градење квалитетен образовен систем и ниту едно лажно обвинување и обид за опструкција нема да нè поколеба да продолжиме да го јакнеме образованието – основниот стол.

