Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Развојот на туризмот може да биде столб на македонската економија, неопходна е реорганизација

Туризмот во Македонија има голем потенцијал и може да допринесе за раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туризмот во Македонија има голем потенцијал и може да допринесе за раст на бруто домашниот производ. Но за да се дојде до тоа, потребно е со оваа гранка да се управува соодветно и таа да се извдвои од министертсвото за економија, велат туристичките работници.  

Тие се оптимисти дека земјава може да биде одлична туристичка дестинација и дека од тоа бенефит ќе има државата. Се надеваат дека работите ќе се помрднат од мртва точка  откако победничката партија ВМРО ДПМНЕ во својата предизборна програма најави реорганизација на  извршната власт.

Упатените порачуваат дека потребен е системски пристап, кој отсуствува кај нас и дека треба да се подготви стратегија што ќе ги утврди целите и која ќе се обновува на неколку години. Поранешниот директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија,  Љупчо Јаневски смета дека новото најавено Министерство за Култура и Туризам ќе треба да иницира законски измени со кои би се подобриле состојбите и комплетна дигитализација на секторот.

Реклама

Идејата и барањето на туристичката индустрија не е само кај нас, туку и во регионот и во Европа е следење на нивните примери односно подигање на Министерство за култура исто со Министерство за туризам, односно како што е култура и туризам како што е практика во другите земји. На тој начин ќе овозможиме многу побргу да архитектираме, структурата во туристичката индустрија, да ги зајакнеме дестенејшн менаџмент организациите, или да влијаеме позитивно на локалниот економски развој, потоа агенцијата за промоција и поддршка на туризам, да се изгради во национална туристичка организација и веќе конечно после долги години барање да имаме туристички инспекции и туристичка полиција“, вели Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија.

Јаневски вели дека туризмот е една од ретките економски гранки кои во последните години и покрај економската и енергетската криза бележи позитивни резултати.

Во 2023 година овој сектор вработуваше 35.000 работници, или 4,7% од Бруто домашниот производ во македонската економија и ја завршивме со 598,5 милиони долари, промет“, додаде Јаневски.

Туристичката индустрија е главен економски двигател во многу земји. Хрватска е одличен пример за тоа дека од туризмот може да се живее, поаѓајќи од фактот дека таму сега 20 отсто од БДП е од туризмот.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува туризмот од Министерството за економија да влезе во рамките на Министерството за култура. Како што појаснуваа во предизбориието експертите, се планира да се опфати целокупниот туристички сектор, односно туристичките агенции, хотелско-угостителски објекти, превозници во туризмот, туристички водичи и водичи во планина и области поврзани со создавање квалитетен кадар за туризмот.

Љубиша Владимиров