Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Разочарувачки старт на откупот на тутунот, тутунарите се закануваат со порадикални протести од ланските

Стартот на годинашната тутунска откупната кампања, разочарувачки. По само една недела од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стартот на годинашната тутунска откупната кампања, разочарувачки. По само една недела од почетокот, македонските тутунопроизводители, се’ поуплашени дека и годинава ќе ги снајде ланската судбина. Ова, и покрај убедувањата дека со новиот Правилник за проценка и формирање на откупните цени, донесен пред еден месец, а кој од Сојузот на земјоделски здруженија го нарекоа „историски“, тутунската мака ќе биде вреднува согласно високиот годинашен квалитет на родот.

„Она што не’ убедуваше Сојузот дека тутунот ќе се цени во три класи, на терен не се покажа. Тутунот се цени претежно во дополнителна прва класа и во трета класа и мал дел во втора класа.Тутунарите се повторно разочарани, со оглед на квалитетот кој го имаат во оваа реколта, не се задоволни од годинашната проценка на тутунот“, – вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Соочени со застрашувачката откупна неизвесност, а поучени од ланските лоши искуства, кога цените беа катастрофално ниски, а околу еден тон од родот остана по амбарите, тутунопроизводителите од пелагониско, годинава побараа и максимално заземање на сите градоначалници од овој регион, со делување преку пред неколку дена формираното заедничко тело за Развој на Пелагонсискиот регион.

Реклама

„Во ова тело, градоначалниците се од различни политички партии, меѓутоа, тоа е плус да можат сите да се обединат околу тутнската мака на своите граѓани и да бараат од институциите веднаш да реагираат за да не се дозволи повторно да се изврши грабеж врз тутунарите како минатата реколта“, – појаснува Мирчески.  

Доколку пак, и овој пат бидат изигнорирани овие нивни барања и откупот продолжи со истиот тренд, тутунарите се закануваат со многу порадикални протрести во споредба со ланските.

„Ние немаме Влада која што со полн капацитет може да ги решава проблемите. Големите партии се зфатени со конгресите. Единствена шанса што ни преостанува е да апелираме до Инсекторатот за земјоделие и до овие градоначалници кои што се во овие општини. Не сакаме да одиме на протести, не ни е тоа целта, меѓутоа ако тоа не се случи ако некој од институциите да реагира во наша заштита, ние навистина немаме друг избор“, – укажува Мирчески.  

Инаку, годинашниот род се очекува да тежи околу 19 милиони килограми квалитетен тутун и според тутунарите на пазарот ќе се јави кусок од околу 2 милиони килограми што било причина повеќе откупните цени да бидат значително повисоки од ланските.

Каролина Дурло