Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Разговори зад затворени врати – да, но мора јавно да се знае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разговори зад затворени врати – да, но мора јавно да се знае дека нема преминување на црвените линии што се однесуваат на македонскиот идентитет, јазик и култура. А влдата, според министерот Муцунски токму тоа го прави. Не сака да сподели детали за да не ги компромитира преговорите, но јавно вети дека попуштање за клучните прашања нема. Тоа што Владата води разговори подалеку од очите на јавноста е целосно очекуван дипломатски потег, бидејќи во дипломатијата секогаш постоеле и ќе постојат преговори зад затворени врати, каде што полесно може да се објаснат позициите што некоја страна ги има. Експертите сметаат дека за вакви чувствителни прашања и повеќе од јасно е дека мора да има разговори на кои нема да влијае притисокот на јавноста.

-Апсолутно тоа е и очекувано, јас очекував и во изминативе две години да имало такви значи разговори зад затворени врати. Секако битен е и јавниот дел, затоа што може и јавноста и граѓаните да го видат, меѓутоа мислам дека неопходно е за вака чувствителни теми да се разговара и зад затворени врати, надвор од очите и пред се притисикот од јавноста. И од таквите разговори може да се изродат и добри идеи и решенија на проблемите кои ги имаме, изјави за Алфа извршниот директор на „Еуротинк“ Димитар Николовски.

Покрај евентуално одблокирање на европскиот пат, според Николовски, овие преговори може да донесат и бенефит за Македонија и на економски план.

Реклама

-Може и други фактори тука да играат улога кои што не секогаш имаат врска со главното прашање, а тоа се прашањата како идентитетот, историјата итн. Може тука да се вмешаат прашања од бизнис интереси, трговија, така да се е отворено во овие разговори, изјави Николовски.

Изјавата на Муцунски предизвика остра реакција од опозициската СДСМ која обвини дека не постои земја во светот каде владата преговара за судбината на една земја, но тоа го прави тајно. Како да заборавија дека токму тие така направија со Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и на крајот со францускиот предлог, со таа разлика што сега владата кажа кои се црвените линии, додека тие прегазија се.

-Сметам дека таа критика не е на место, мислам дека и тие многу пати имаат преговарано, биле во таква позиција и зад затворени врати. Имаше доста дискусии, меѓутоа мислам дека и тоа беше недоволно за така големо прашање во тој момент, изјави Николовски.

За тоа дека решение се бара „зад радарот“ со цел старт на преговорите неодамна говореше и евроамбасадорот во Македонија Михалис Рокас, кој индиректно најави дека е можно наскоро да се одбокира патот на државата кон Европската Унија.

Матеја Петровски