Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Разбиена терористичка група во Македонија – уште четворица уапсени

Јавни објекти им биле на меццта на терористички групи кои делувале во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавни објекти им биле на меццта на терористички групи кои делувале во Македонија. Уаспени уште четворица членови на терористичка ќелија, кои ја ширеле идејата на ИСИС за напади на цивилни или т.н. меки цели. Полицијата откри дека  била создена ќелија и првоосомничениот ги координарал останати, преку групи кој ги креирал на Телеграм каде споделувал пропаганден материјал од Исламска држава и регрутирал нови членови. Осмничениот се обидел да набави огнено оружје, а обезбедил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои сакале да ги користат во терористички напади. 

И не само првоосомничениот, туку и останатите членови споделувале по Телеграм преведени книги кои ги презеле од ИСИС. Полицијата заедно со обвинителите во организиран криминал, доказите ги собале од претреси во домови и простории на пет локации во Скопје и Гостивар.

  • „При претресите пронајдени и одземени се повеќе предмети меѓу кои автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења. Лишени од слобода се четири лица, за кои од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до надлежниот обвинител е поднесена кривична пријава за кривично дело „терористичка организација“, предвидено и казниво по член 394 а“ изјави Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Обвинителството за организиран криминал ги товари за „терористичка организација“, и побарало притвор за сите. Скопскиот кривичен суд го прифатил предлогот четворицата осомничени терористи да заминат зад решетки 30 дена.

Реклама

Претходниот месец, полицијата уапси други четворица теорирсти кои ги координираше 21-годишен гостиварец кој како војник за промоција на ИСИС, кој на почетокот на минатата година, создал и управувал со терористичка ќелија во Македонија. И тој заедно со соработниците преку социјалната мрежа Телеграм споделуваше пропаганден материјал на ИСИС и ги уверувал членовите дека се спремни да преземат порадикални чекори како Македонија така и во други држави од Европа.