Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците

Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.

 Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан  Караџов. Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје.   Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава. 

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување на Законот за буџети и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка. Исто така и предлог законите за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3,  меѓу Европската банка за обнова и развој и АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, како и на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка. 
 
На дневен ред на седницата е и Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Исто така и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди, на Законот за прекршоците, на Законот за извршување на санкциите, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за возила, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  на Законот за полиција, сите по скратена постапка.