Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија, нагласи Мицкоски

Во првите шест месеци од годинава имаме некаде околу 13,5 проценти раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првите шест месеци од годинава имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходните шест месеци од минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст, нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV во Касарната „Јане Сандански“ – Штип, Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот.

-Знам што сработивме изминатите шест месеци за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона на нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку десетици илјади кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања. Зборувам за бројка од 40, 50, 60 илјади гости кои ќе бидат надвор од сезоната и зборувам за бројка од 150, 200, 300 илјади преноќувања, нешто кое што сме го немале во минатото, рече тој.

Реклама

Премиерот потенцира дека организираниот пристап дава резултати.

-Организираниот пристап дава резултати. Мораме сега да се справуваме и со ова сега кое што се случува околу Охрид, Охридското Езеро и УНЕСКО. Добивме одреден период она што зависи од нас да го отстраниме. Веќе формиравме тим кој ќе почне сериозно да се занимава со оваа проблематика. Тоа што како Влада можеме да го правиме, го правиме, нагласи премиерот Мицкоски.