Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Расте бројот на деца со дијабет – здруженијата и надлежните мобилизирани за ефикасни мерки

Расте бројот на деца со дијабетес во Македонија. Докторите алармираат до матичните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на деца со дијабетес во Македонија. Докторите алармираат до матичните да се посветат во раното откривање на дијабетесот за да може да се спречат компликации.Во земјава околу 650 граѓани имаат сензори за мерење на шеќер во крвта – од здруженијата на пациенти бараат оваа бројка на луѓе да се зголеми.

Дијабетичарите, бараат и навреме да се доставува инсулин во аптеките и да се воведат нови иновативни терапии.

Во Македонија има регистрирано 130 илјади луѓе со дијабет, а од нив околу четири илјади се со тип 1. Проблемот со инсулинската терапија е надминат, но лековите кои спречуваат компликации ги има само за мал број на пациенти. Тие очекуваат дека наскоро ќе биде решен и овој недостаток.

Реклама

Надлежните уверуваат дека ќе се прошират програмите за дијабтичарите. Тоа значи дека ќе добијат современа терапија и подобар медицински третман.

Претходната година дијабетичарите ја прогласија за најтешка бидејќи немаа терапија и беа оставени сами на себе да се снаоѓаат.

Ања Лукарова