Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

🎥Раст на прометот во индустријата за 8,1% во првите седум месеци- силен сигнал за економијата

Прометот во индустријата пораснал за 8.1% во првите седум месеци од годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прометот во индустријата пораснал за 8.1% во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Според Дражвната статистика најголем раст има кај најзначајната ставка, капиталните производи од дури 13.5%, а кај производите за широка потрошувачка растот е нешто над 3%.

Според премиерот Христијан Мицкоски, ова е редок позитивен тренд во Европа и силен показател дека економијата се движи во добра насока.


„Тоа е тренд кој што не следи цела година, но за мене е забележливо дека трговијата во индустријата, во делот на размената со странство, е дури и повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома. Кога зборувам за надворешна размена, зборувам за повеќе од 15%, и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силно зголемување на трговијата во индустријата.“- изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Реклама

Премиерот вели дека ова е позитивен сигнал кој укажува на раздвиужување на целокупната економија која во првиот квартал веќе порасна за 3.2%, а во вториот за 3.4%.


„Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Ова се показатели кои со години наназад не сме успеале ни приближно да ги постигнеме, камоли да ги коментираме.“- изјави Мицкоски.

Државниот завод за статистика веќе објави позитивни трендови и во услужниот сектор со раст од 16.1% во јули, како и во туризмот со раст од 10.2% во првите седум месеци од 2025-та во спроедба со 2024-та.