Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Распишан новогодишно – божиќен литературен конкурс за велешките основци

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со локалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ распишаа литературен конкурс за поетски творби на темите „Елката што шепоти“ и „Божиќната ѕвезда“.

Право на учество имаат учениците од сите основни училишта во Општина Велес, поделени во три категории, првата за ученици од IV и V одделение, втората за ученици од VI и VII одделение и третата за ученици од VIII и IX одделение.Рокот за пријавување е до 16 декември.

Творбите треба да бидат напишани на една страница во A4 формат, со фонт Arial 12, на македонски јазик. Секоја творба мора да ги содржи името на ученикот, одделението, училиштето и името на менторот. Менторите имаат обврска да направат селекција на најдобрите творби и да ги испратат на конкурсната е-адреса: [email protected]

Реклама

Организаторите најавуваат дека резултатите ќе бидат објавени до 20 декември, годинава, а за најдобрите поетски творби во трите категории ќе бидат доделени прва, втора и трета награда.

Наградите ќе бидат врачени на свечена новогодишна манифестација, а организаторите ќе ги известат училиштата кога и каде ќе се одржи.