Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Распишан конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО за 2026 година

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО денеска го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО денеска го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026, која се доделува за најдобра дебитантска книга од млад автор.

Како што соопшти СВП, конкурсот ќе трае до 5 март 2026 година, а право на учество имаат дебитантски книги на млади поети – до 35 години возраст во моментот на објавување на дебитантската збирка. 

– Кандидатите треба да испратат три копии од книгата со која конкурираат, најмалку седум песни од истата книга преведени на англиски јазик и кратка биографија на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Македонија) или преку националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: [email protected] (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на [email protected]) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали, стои во конкурсот.

Реклама

Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2026 година. 

Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот лауреат во превод на македонски јазик. Добитникот ќе биде поканет да учествува на годинашното издание на „Струшките вечери на поезијата“ што ќе се одржи од  24 до 29 јуни, кога ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“. 

Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото.  Секоја година СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“. 

Досегашни добитници на наградата „Мостови на Струга“ беа: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019, Мартина Стракова (Словачка) 2020,  Владан Кречковиќ (Србија) 2021, Џерардо Мазучо (Италија) 2022, Гевин Бредли (Ирска) 2023, Катрин Пиц (Германија) 2024, Матеуш Шимчик (Полска) 2025.