Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Рамадани избегал откако доушник му шепнал дека од куќен притвор ќе го селат во затворот во Шутка

Поранешниот припадник на УЧК, косовецот Блерим Рамадани избегал од куќниот притвор откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот припадник на УЧК, косовецот Блерим Рамадани избегал од куќниот притвор откако доушник му кажал дека полицијата се подготвува да го спакува и однесе во Шутка. Одлуката Рамадани да биде спроведен во ефективен притвор ја изрекле тројца судии, откако предходно судијата Пајазит Пајазити и покрај сериозноста на делото за кое се бара, на изненадување на сите, реши да го испрати во куќен притвор.

Во случајот со бегството на Блерим Рамадани, вистинското прашање треба да биде зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор…. МВР во овој случај постапи согласно законот и максимално професионално. Лицето беше предадено на судот по барање на Интерпол, што е во согласност со позитивните законски прописи, пшишува Панче Тошковски на својот Фејсбук профил.

Рамадани беше уапсен во јули годинава на граничниот премин Јажинце по меѓународната потерница на Интерпол издадена од страна на Србија, а од 1 август кривичниот совет на судот во Скопје, го смести во куќен притвор, иако тој нема адреса во Македонија. Судијата Пајазити реши притворот да го одлежи кај свои роднини. Според пишувањата на косовските медиуми, тој веќе ја напуштил Македонија.

Реклама

За премиерот Христијан Мицкоски ова е уште еден случај што го отсликува хаосот во правосудниот систем. Тој уште еднаш повтори дека до крајот на месецот чека конкретни предлози за реформите во правосудството, а потоа Владата како што рече ќе мора да преземе нешто за да ја врати довербата на граѓаните во правосудството.

И покрај тоа што вината за бегството на Рамадани очигледно лежи во судскиот систем, тоа не ја спречи опозициската СДСМ да го обвини министерот Тошковски дека е неспосбен за функцијата и побараа негова оставка.

Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?, стои во соопштението на СДСМ.

Тошковски им реплицираше дека Со ваквите празни обвинувања, СДСМ само признава дека нивната некогашна власт ја оставила државата целосно руинирана.

Познавам писмени правници и во СДСМ кои ја разбираат поделбата на власта и знаат дека МВР и судот се различни институции, но жално е што раководството на СДСМ и нивната ПР служба ги игнорираат овие факти и обвинуваат за да добијат ситни политички поени, пишува Панче Тошковски.

Рамадани го бара Србија поради сомнение дека како поранешен војник на УЧК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ неодамна изјави дека очекува македонските власти да го екстрадираат Блерим Рамадани.