Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Ракометниот клуб Алкалоид официјално е новиот освојувач на „ЕХФ„ Европскиот куп за мажи

Ракометниот клуб Алкалоид официјално е новиот освојувач на ЕХФ европскиот куп за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ракометниот клуб Алкалоид официјално е новиот освојувач на ЕХФ европскиот куп за мажи, откако европската ракометна федерација донесе конечна одлука по контроверзниот прекин на финалната серија со грчкиот АЕК.

Гостинскиот тим од Атина одби да се појави на реваншот во Скопје, поради забрана за влез во земјата на дел од нивните навивачи. И покрај тоа што ситуацијата беше јасна – натпреварот не се одигра поради одлука на грчкиот тим – ЕХФ бараше дополнителни изјави од двата клуба, пред конечно да го потврди исходот. одлуката ја доби страната што не ја наруши спортската регуларност – пехарот оди кај Алкалоид.

Во првиот финален натпревар, алкалоид предводен од кире лазаров славеше во атина со 25:29, што само ја зацврсти правичноста на одлуката на ЕХФ. сепак, жалење останува кај македонската публика што не можеше да го прослави историскиот успех во живо. Салата „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место, подготвена за славје што никогаш не се случи.