Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Радев призна, внесувањето на Бугарите во уставот прв чекор на патот на Македонија кон ЕУ, потоа следува Преговарачката рамка

Бугарскиот претседател призна – внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот претседател призна – внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде само првиот чекор на патот на Македонија кон Европската Унија. Дури потоа следува спроведување на се што е предвидено во Преговарачката рамка во која влегуваат Договорот за добрососедство и дополнителните протоколи. Оваа позиција Румен Радев ја кажа по средбата со македонската колешка Гордана Сиљановска – Давкова во Баку, Азербејџан.

„Сè ќе стане јасно во блиска иднина. Доколку државното раководство навистина има желба за влез во Европската Унија, мора да ја исполни Преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тоа е многу јасно“ изјави Румен Радев.

Новата македонска власт со месеци предупредува токму на ова – дека отворањето на Уставот само ќе им даде ветер во грб на бугарските уцени и закани.

Реклама

Македонската претседателка, пак, упати смирувачки и пријателски пораки по разговорот со бугарскиот колега. Сиљановска – Давкова вели дека мора да се јнадминат отворените прашања и да се продлабочи меѓусебната соработка. Порача дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување.

„Мислам дека имавме добар почеток. И треба да продолжиме така еве повторувам и денеска во Бугарија чинам се е менливо освен вие. Вие се најстабилниот елемент во државата, и мислам дека сте вистински избор. Не го кажувам само јас тоа… тоа го кажуваат и други наши колеги.Најважно е народите да ни функционираат” вели претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска-Давкова го поканила Радев да ја посети Македонија, истакнувајќи дека „вратите во Скопје се отворени“ и дека се надева на идни разговори кои ќе придонесат за јакнење на односите меѓу двата народа.

Двајцата претседатели се во Азербејџан на конференција за Климатските промени заедно со дузина други светски лидери.

Таму Давкова денеска се сретна со чешкиот премиер Петр Фиала при што посочила на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии. Вчера, пак, се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан при што доби силна поддршка за македонските евроинтеграции.