Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Прилози

Рацете кои ја имаа моќта, сега добија лисици: Груби засега има едно дело, но листата може да стане многу поголема

Повратникот Артан Груби засега има само едно кривично дело, но сомнежи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повратникот Артан Груби засега има само едно кривично дело, но сомнежи за многу повеќе. Титулата осомничен во моментов ја има само во случајот со набавката на апарати во Лотарија, криминал вреден осум милиони евра. Но, сепак листата дела против поранешниот прв вицепремиер, кој важеше за „пали и гаси“ во Владата, но и воопшто во државата во времето на СДСМ и ДУИ, може да стане многу поголема.

Поради сомнежи за друго кривично дело Груби и заврши на американската црна листа. Тогаш заедно со поранешниот апелационен судија, Енвер Беџети, САД ги стави на листата непожелни, поради сомнежи дека примиле поткуп за влијание врз судски процеси, за што Обвинителството и имаше отворено предмет.      

-Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и Контраразузнавање (УБК), соопштија од Стејт Департментот на 9-ти декември 2024-та година.

Реклама

Груби беше и главен координатор на проектите за Коридорите 8 и 10Д, за кои постојат сериозни сомнежи за сторен криминал од претходанта власт. Десната рака на Али Ахмети во периодот кога ја имаше моќта во рацете, на кои сега доби лисици, дури и се смееше на новинарските прашања поврзани за овој проект, кој СДСМ и ДУИ го криеја со ознака доверливо, а потпишаниот договор беше во вредност од 1,3 милијарди евра за 109 киломентри автопат.

Покрај тоа постоеја и сомнежи дека Груби заедно со неговите сопартијци, масовно учествувале во процесот на купување и екпропријација на земјиштето долж трасата на автопатот Скопје Блаце, проект за кој поранешниот прв вицепремиер беше директно одговорен и точно ја знаеше проектираната траса.

-Ајде да се радуваме…, велеше Груби.

Со имотната состојба на Груби се занимаваше и Антикорупциска, односно се истражуваше како дошло до големо зголемување на неговиот имот.

Груби во бегство од правдата беше повеќе од една година, откако преку граничниот премин Блаце избега во декември 2024-та година. Покрај него во бегство се уште е и поранешниот директор на Лотарија Прпарим  Бајрами, осомничен во истиот случај.