Реклама
Македонија

Работници: Да беа искрени СДСМ, минималната плата ќе беше 27 илјади денари уште додека беа на власт

Предлогот на СДСМ за минимална плата од 27.700 денаери е нереален, работниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлогот на СДСМ за минимална плата од 27.700 денаери е нереален, работниците не се воодушевени и сметаат дека ако биле искрени намерите, ќе го направеле тоа додека биле на власт. Критики до социјалдемократите стигнаа и од Кристина Ампева од Гласен текстилец – овој чекор е само за политички поени додека глумат дека се заштитници на правата на работниците.

Јас да сум на нивно место, дека убаво е и лагодно во опозиција, ќе барам 1000 евра. Нема врска што до вчера беа на власт. Кога им давав предлози за покачување на платата по примерот на Црна Гора, не им се слушаше. Сега од оваа позиција, ќе глумат заштитници на правата на работниците. Ситни политички поени. Исти, сите. И едни и други и трети, реагира Ампева.

СДСМ денеска го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Ја нападна власта  дека не презема ништо да им помогне на граѓаните .

Реклама

Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот, рече Тренчевска.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за минималната плата зошто прво законот е со технички грешки, второ целта велат  е за купување политички поени, а трето власта планира системски решенија за сите работници со новиот буџет.

„Има фундаментална грешка во нивниот предлог. Ако моменталната минимална плата е 22.567 денари и се зголеми за 12 проценти, новата плата би била 25.342 денари, а не 27.700 денари како што тврдат. За тоа би било потребно зголемување од 22,74 проценти,“ рече Стојаноски.

Во меѓувреме Државниот завод за статистика објави дека расте просечната плата во Македонија. За една година се зголемила за 12,9 проценти и таа сега изнесува 41 097 денари. . Ваквото зголемување според Државниот завод за статистика се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование, Уметност, и Јавна управа и одбрана, како и задолжително социјално осигурување.