Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Работна средба на Азески со раководството на „Филип Морис“

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на „Филип Морис“ во Скопје. На состанокот со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората, станало збор за актуелната деловна клима и за условите во кои стопанисуваат компаниите во државата.

-Од „Филип Морис“, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици, но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун. Како општествено одговорна компанија која придонесува во економскиот развој на државата, акцентираат на отворените прашања во делот на царинската политика, за која како што велат има простор за одрдени корeкции ако се земе во предвид дека дејноста како извозна гранка има значителен позитивен импакт во буџетот на државата по повеќе основи, информира Комората.

Претседателот Азески укажал дека Комората продолжува да делува во интерес на компаниите – за решавање на сите отворени прашања со кои се соочува бизнисот.

Реклама

Комората најавува дека во следниот период ќе се реализира посета и на „Тутунскиот комбинат“ од Прилеп како фирма која е дел од корпорацијата „Филип Морис“, со цел директен увид во производните капацитети.