Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Работен состанок на градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска со претседателите на месните и урбаните заедници во Кисела Вода

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска одржала работен спстанок со референтите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска одржала работен спстанок со референтите и претседателите на месните и урбаните заедници од општината заради директно согледување на потребите, проблемите и барањата на граѓаните.

-Градоначалничката се информираше од прва рака за состојбите на терен, од луѓето кои се првиот и најблискиот контакт на граѓаните со локалната самоуправа. Месните и урбаните заедници претставуваат прва адреса каде што жителите ги изнесуваат своите проблеми, без потреба да доаѓаат во општинската зграда, туку најблиску до своето место на живеење. Токму таму најчесто се евидентираат секојдневните предизвици, инфраструктурните потреби и конкретните барања, кои потоа се пренесуваат до раководството на општината, соопшти Општина Кисела Вода. 

Во оваа општина функционираат вкупно 15 месни и урбани заедници, што овозможува поефикасно работење на општината и побрза, подостапна услуга за граѓаните. Ваквиот модел на децентрализирана комуникација, наведува Општината во соопштението, значително придонесува за подобро функционирање на локалната самоуправа и навремено решавање на проблемите.

Реклама

На состанокот, на кој присуствувале и раководителите од Секторот за месна самоуправа од општината, била потенцирана важноста од континуирана и интензивна соработка и било договорено навремено да се интервенира за сите прашања што се во надлежност на општината. Исто така, и координирано да се постапува во случаи кога  решавањето на проблемите зависи од Град Скопје или од централната власт.

-Претставниците од месните заедници се нашите очи и уши на терен. Преку нив имаме директен увид во реалните потреби на граѓаните и можеме побрзо и поефикасно да реагираме. Нашата цел е силна, отворена и двонасочна комуникација, затоа што само така може да градиме општина што навистина им служи на своите жители. Денешниот состанок е потврда дека заеднички, со уште поголема соработка, може да ги решаваме проблемите, и локалните, и оние што бараат поширока институционална координација, изјавила градоначалничката  Стаменкоска-Трајкоска.