Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Пустелија наместо празнична магија – Струга остана и без украсување и без новогодишен базар

По само два дена работа, Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По само два дена работа, Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори новогодишниот базар во Струга.Ниту една од 9-те поставени куќарки во кои се продаваше храна не биле регистрирани и не ги исполнувале хигиенските услови за работа.

 Деветте куќарки не се регистрирани како оператори со храна во АХВ,дел од нив не се поврзани на градскиот водовод, не е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.Вработените лица кои доаѓаат во котакт со храна,немаат извршено здравствено санитарни прегледи”-вели Оливер Миланов-директор на Агенција за храна и ветеринарство

Корисниците на објектите имаат забрана за вршење на дејност додека не ги исполнат условите,а  ќе платат и парична казна до 3.000 евра.Градоначалникот воопшто не е загрижен.Според него, се одело како подмачкано.

Реклама

Од наша страна како општина веќе сее легитимно целата документација е доставена и мислам дека се ќе биде во ред вели Меди Ќира, градоначалник на Струга

И додека никаде во Европа не постои град кој не е барем симболично украсен, во Струга нема ниту елка на плоштадот.

Не ќе е ни прв пат ни последен пат,во Струга одбележувањето на нова година не му се посветува многу внимание одамна.Ќе дојдете Охрид на дочек на нова година?Обавезно,ако давате и вечера без пари;- Да сите одиме надвор на базари,меѓутоа кај нас во Струга оваа година, голем пропуст на новиот градоначалник;-Па не знам на што е тоа резултат но во секој случај е недозволиво за еден туристилки град како Струга да не е украсен”-велат граѓаните

Струга како да се наоѓа во Азија,Африка или на Блискиот исток оти само таму нема новогодишни декорации.

 “Целата процедура е почната од претходниот совет, изгласано на крајот на август и после тоа тендерот требеше да се објави до ноември.Јас со мојата фунција почнав на 17 ноември и првата работа што ја побарав беше за китењето на градот,но таа одлука од Советот фалеше -вели Ресул Чолаку-директор на Ј.П. Комунално Струга

Од општината се тешат оти имало и од лошо-полошо, пред 4 години градот се украсувал на 27 декември. Уверуваат дека Струга за брзо ќе блесне во новогодишен сјај со реквизитите за кои биле издвоени 2 милиони денари.