Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. 

– За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска.

Во изминатите две години, како што кажа министерката за образование и наука Весна Јаневска, вложени се околу 90 милиони евра во огромен број на проекти. Само во Кисела Вода покрај оваа сала, ќе се гради сала и во училиштето „Кузман Јосифовски – Питу“ и ќе се реконструираат салите во „Круме Кепески“ и во „Кузман Шапкарев“. 

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски, кој исто така беше на отворањето на спортската сала, изјави дека повеќе од 1.200 проекти се реализираат на ниво на држава.