Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир

Обиколницата кај Крива Паланка, која беше реконструирана, денеска е свечено пуштена во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обиколницата кај Крива Паланка, која беше реконструирана, денеска е свечено пуштена во присуство на владини претставници. Се работи за пат во должина од 4,5 метри и ширина од 7,5 метри со поставена хоризонтална и вертикална сигнализација. Со реконструкцијата опфатени се и двата моста. 

За вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се работи за значајна патна инфраструктура која е дел од Коридорот 8 и која не претставува само обиколница на Крива Паланка, туку и врска со соседна Бугарија. 

Николоски најави и реконструкција на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија со очекување дека првата фаза која опфаќа обнова на постоечкиот објект ќе заврши до јуни. Во втората фаза планирано е проширување на овој граничен премин. 

Реклама

Со експресниот пат до Страцин, обиколницата и реконструкцијата на граничниот премин, како што посочи Николоски, како држава го завршуваме источното крило од Коридорот 8. 

– Големи проекти не можат да се водат без првиот човек на Владата и за тоа сум особено благодарен. Премиерот е дневно посветен на овие проекти, интензивно се работи и на железничкото поврзување, рече Николоски.  

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во следниот период во овој дел од државата ќе бидат вложени неколку стотици милиони евра посочувајќи на железничкото поврзување со Бугарија, втората фаза од реконструкцијата на граничниот премин, патната инфраструктура… 

– Ваквите инвестиции ќе ги поттикнат луѓето да се вратат дома. Продолжуваме да се фокусираме на капиталните инвестиции. Очекувам многу скоро од денеска, се она што зборуваме овие две години, да биде реализирано, рече Мицкоски.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, обиколницата е направена по сите стандарди.