Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Пуштена во употреба новата катна гаража кај штипската зграда „Промаја“, обезбедени 40 нови паркинг места

Завршија градежните активности околу изградбата на новата катна гаража кај зградата „Промаја“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршија градежните активности околу изградбата на новата катна гаража кај зградата „Промаја“ на улицата „Борис Кидрич“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека објектот веќе се користи за паркирање, а очекува  на следната седница на Советот да се стави и во Програмата за паркирање и паркинг просторот на Јавното претпријатие „Стипион“. 

-​Тоа кое што сакам да го споделам со јавноста е дека оваа локација во минатото беше една неуредена површина, која успеавме рационално да ја искористиме и да овозможиме повеќе од 40 паркинг позиции на три нивоа. За овој дел од градот се многу битни и многу важни, затоа што конфигурацијата на градот Штип во овој дел на градот не дозволуваше претходно можност за паркирање, а веќе со изградбата на оваа катна гаража на три нивоа верувам дека значително ќе се подобри состојбата со простор за и површини за паркирање – изјави Јорданов.

​Тој истакна дека повеќе од 20 милиони денари се издвоени од буџетот на општина Штип за изградба на катната гаража на три нивоа. Јорданов најави дека  сите локации кои се неискористени ќе  бидат уредени соодветно, за да овозможат повеќе паркинг места низ централното градско подрачје. 

Реклама

-Веќе се изработува уште еден проект за катна гаража на неколку нивоа позади административната зграда на општина Штип, а се размислува исто така до Трговскиот центар површината да биде уредена со еден ваков тип на паркирање и на тој начин во централното градско подрачје да се обезбедат дополнителни паркинг површини и можност за паркирање – вели Јорданов.

​Штипскиот градоначалник Јорданов додаде  дека и во останатите делови на градот, не само централното градско подрачје, тенденцијата е од година во година да ги зголемуваат паркинг местата, со цел да нема сообраќаен метеж, а апелираше и граѓаните да го користат јавниот автобуски превоз.