Реклама
Економија

Пуштен во употреба новоизградениот дел од булеварот Благоја Тоска, што е спој со регионалниот пат Тетово-Јажинце 

  Заврши изградба за продолжување на булеварот Благоја Тоска, од кружниот тек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  Заврши изградба за продолжување на булеварот Благоја Тоска, од кружниот тек кај касарната „Кузман Јосифоски-Питу“ до регионалниот пат Тетово-Јажинце, каде е изграден и нов кружен тек.

По тој повод Општина Тетово одржи настан за промоција на новиот сегмент на булеварот Благоја Тоска, кој е со должина од 557 метри. 

-Конечно, по многу подеми и падови и многу предизвици, оваа важна патна оска на Тетово се завршува со прекрасен проект, кој ќе им служи не само на жителите на ова подрачје, туку и на сите граѓани на Тетово и на сите оние кои ќе поминат низ Тетово за да одат кон Општина Теарце или дури и кон Република Косово, истакна градоначалникот Биљал Касами. 

Реклама

За да се изгради новата делница на булеварот се потрошени околу 400 илјади евра.