Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Пукна тиквата меѓу СДСМ и ДУИ: Заврши ли „љубовта“ меѓу Димитар Ковачевски и Али Ахмети?!

ДУИ во обид да се спаси од живата кал во која со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ во обид да се спаси од живата кал во која со голема брзина пропаѓа СДСМ. На два месеци пред изборите, по се изгледа пукна тиквата меѓу главните владини партнери последниве седум години. Крешник Бектеши фрли ракавица, тој што ќе загубел на изборите да се повлече од политиката за секогаш.

-Еве ве повикувам да направиме договор, меѓу сите политички партии, тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја исфрлуваме ракавицата нека повелат сите политички партии, вклучувајќи го и ВМРО, па и другите политички партии, изјави Бектеши.

Оваа понуда не е прифатлица за Димитар Ковачевски. И да загубел на изборите немало тој да биде виновниот, туку ќе биле сите партиски членови, порача лидерот на СДСМ. Реши како пример да ја користи фудбалската игра, во која пак за лошите резултати секогаш на крај цената ја плаќа тренерот, што во овој случај би бил претседателот на партијата. Она што е чудно е што Ковачевски тоа не го знае или не сака да го знае во оваа ситуација.

Реклама

-Јас сум во СДСМ од 1994-та година и од 1994-та до сега СДСМ победувал на изборите, СДСМ имал помалку успешни резултати на изборите, тоа се однесува на сите членови кои што од тоа време се во СДСМ. Тоа е исто како да кажете ако на пример фудбалски тим изгуби утакмица, тогаш сите тие фудбалери и тренери никогаш веќе да не се занимаваат со фудбал, изјави Ковачевски.

За разлика од Ковачевски и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќаат оваа понуда на Крешник Бектеши.

-Одлично ја прифаќање, тоа значи дека Бектеши му спрема свилен гајтан на Али Ахмети, можеби е еве кандидат за лидер во ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги изгуби овие избори и нема да е дел од следната Влада. Добро е да знаеме дека еве Крешник Бектеши има такви амбиции, ако ништо претседателството на ДУИ ќе остане во Кичево и тој по потекло е од Кичево, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Инаку, според истражувањата на јавното мислење јасно е дека власта ја очекува тежок пораз на изборите. Анкетите покажуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, додека пак здружената албанска опозиција е речиси израмнета со ДУИ.

Матеја Петровски