Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Психолози: Вината не е кај матурантите

Има учебници, нема учебници. Нова програма, стара програма. Настава дома, настава во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има учебници, нема учебници. Нова програма, стара програма. Настава дома, настава во училница. Четиригоришните експерименти со матурнатите кулминираа со полагањето на завршниот испит.

Учениците не се виновни за пробиениот тест, туку системот кој потрфрли во нивното образование и воспитание, сметаат психолозите. Според нив, децата се се само огледало на возрасните.

„Тие деца се огледало какви сме ние. Пораката на „Вибер“ морал да ја пуштил некој кој имал достап до тие тестови. Значи можеби некој си го пуштил на своето дете или својот роднина и потоа тоа се раширило. Затоа што колку деца имаа пристап до матурските тестови, уште решени да бидат. Значи нешто таму подлабоко се случува. Сега ние го гледаме тоа што се случува со децата и се вознемируваме, ама би требало малце да поткопаме подлабоко за да видиме како целиот систем функционира“, вели Мирјана Јовановска Стојановска вонреден професор на МИТ Универзитетот.

Реклама

Психолозите сметаат дека корупцијата, непотизмот и клиентелизмот кои владеат со државата влијаат и на најмладите кои веќе не се борат за знаење туку само за оценка и го бараат полесниот пат. Тие знаат дека на крајот за вработување повеќе ќе им требаат врски отколку квалификации па затоа и не се трудат многу.

„Ако ние постојано во политиката и во општеството имаме примери, дека некој може нешто туѓо да напише како свое, дека тоа не е никаков проблем, дека може низ мала врата, или задна врата или било која врата, да помине, а не таму каде што треба, ако може да си фатиме врски, па да си поминеме полесно и на доктор и за вработување и за било кој шалтер, децата го учат тоа од нас“, вели Стојановска.

На македонското образование му е потребна коренита реформа на сите нивоа, сметаат познавачите, зашто без квалитетни кадри кои ќе излегуваат од ученичките и студентските клупи не може да има напредок за државата.

Љубиша Владимиров