Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Психолози: монструозното малолетничко убиство во Прилеп ја покажа целата трулост на нашето општество

Монструозното убиство каде еден малолетник крвнички уби друг малолетник ја покажа целата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Монструозното убиство каде еден малолетник крвнички уби друг малолетник ја покажа целата трулост на нашиот институционален систем. Македонското општество не е подготвено успешно да се справува со предизвиците со кои се соочуваат современите деца. Свесното или несвесното замижување на возрасните уште пред првите знаци дека одредено дете има проблем, е кардинална грешка, која најчесто завршува со трагедии кои нормалниот ум не може ни да ги замисли, ни да ги прифати, сметаат психолозите.

  • „Имал ножеви, бил пријавуван, имало напади и претходно каде што тој учествувал во тепачки со ножеви или без ножеви, како и да е. Тука е проблемот што институциите потфрлаат многу и едноставно што овие вакви закани по живот и некои знаци дека може да дојде до нешто поекстремно ги игнорираме и не ги сфаќаме сериозно…Ова покажува екстремно насилство зашто детето било избодено дури 10 пати. Значи да бидете во таква состојба на свеста каде што ви е заматена и каде што не е само еднаш или двапати, се исплашуваш, го тргаш ножот и си заминуваш, туку тоа е огромен бес кој што го истурил 10 пати врз невината жртва. Тоа покажува дека имаме дете-убиец“, – ни изјави за Алфа, Ана Алексоска, КБТ- психотерапевт.

До 18 години, многу е важна улогата на семејството, вели Алексоска и додава дека ниту еден родител не смее да се срами или да крие дека неговото дете има психички проблеми или е екстремно насилно, туку треба веднаш да се преземат сите мерки.

  • „Кога имаме вакви некои видливи знаци дека можно е насилство и кога веќе имаме насилство, веднаш треба да се преземе тоа во рацете на институциите, посебно прво училиштето разговара со мајката, потоа да се препорача психо-терапевт и да се работи со целото семејство. Ова сега ако не е знак дека нешто труло и нешто лошо се случува во нашето општетство, јас не знам што би требало следно да се случи. Детето имало и список, имало и закани за понатаму да ги исполни своите цели кои што се монструозни“, – децидна е Алекосока.

За нефункционалноста на институциите, во потресно сведоштво за Алфа, обвини и мајката на убиениот 14-годишен Александар која рече дека 16-годишното дете-убиец наместо да се лекува, тоа било било пуштено слободно да се шета, наоружано со ножеви и да убива по напишан список.

Реклама
  • „Само правда барам, оти ако го пуштат, тој и други деца ќе отепа, оти си имал список, си планирал, список си имал со 10 деца да отепа“, – низ солзи раскажува Маријана Димова, мајка на убиениот Александар Димов.

Осомничениот 16- годишник веднаш по крвавиот настан го призна убиството и е во 30-дневен притвор, а мотивите за крвавиот маскар се’ уште не се познати.

Каролина Дурло