Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Прво сослужување на Архиепископот Стефан со поглаварот на Православната Црква во Америка

Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада  г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. Молитвено присуствуваше и Митрополитот Американско-канадски г. Методиј.

Во текот на литургијата, Митрополитот Тихон за првпат го спомна Архиепископот Стефан во диптихот на поглаварите на православните цркви – со што и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Православната Црква во Америка.

Реклама

На овој настан присуствуваа бројни македонски свештеници и верници од САД и Канада.

По светата литургија беше приреден свечен прием во македонската амбасада во Вашингтон и средба со амбасадорот  Зоран Попов.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по неколкудневниот престој во САД на покана од Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, по повод одбележувањето на 60 годишнината од осветувањето на храмовите во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, ќе замине за Канада каде што ќе присусутвува на чествувањата по повод јубилејот на црковната општина „Свети Климент“ во Торонто, Онтарио.