Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Првиот вицепремиер Сали на средба со Кос во Брисел

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој од вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Брисел, денеска ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Покрај со Кос, во текот на својата прва посета на Брисел од стапувањето на должноста, Сали ќе има средба и со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и источно партнерство (ДГ ИНЕСТ), Герт Јан Копман.

Вчера, на првиот ден од посетата, Сали имаше средба со известувачот во сенка на Европскиот парламент за земјава, словенечкиот европратеник Матеј Тонин, на која фокусот беше на македонскиот напредок во процесот на евроинтеграциите и спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците.

Реклама

Во разговорот беше истакната и важноста на тоа билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ, при што Сали ја потврдил посветеноста на земјата кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

Сали и Тонин го поздравија постигнатиот напредок во Планот за раст на Западниот Балкан и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот за бесплатен Ви-Фи интернет во 500 општини низ Западен Балкан – WiFi4WB и приклучувањето во Единствена зона за плаќања во евра (СЕПА).

Вицепремиерот Сали имаше средба и со директорката за Западен Балкан при ДГ ИНЕСТ, Валентина Суперти, со која разговараше за напредокот на земјата во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западниот Балкан, при што е оценето дека е постигнат одржлив напредок во клучни области, како владеење на правото, јавната администрација и дигитализацијата на услугите.

На средбите со Тонин и со Суперти, Сали разговарал и за надминување на практичните предизвици со кои се соочуваат превозниците по воведувањето на Системот за влез и излез (ЕЕС).

Посетата на Брисел Сали ја почна со средба со кипарската амбасадорка при Европската Унија, Кристина Рафти, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Во фокусот на разговорите Сали – Рафти беа Реформската агенда, Планот за раст за Западен Балкан, како и клучните приоритети во рамките на напредокот на преговорите со Европската Унија.

На средбата беше нагласена важноста од континуирана соработка и поддршка од европските партнери за реализација на реформите и понатамошно унапредување на интеграцискиот процес.