Реклама
Прилози

Првиот сведок на Палчо: Боре Видевски бил тепан од полициајта за да признае дека тие ги убиле Вања и Панче

Боре Видевски бил тепан од страна на полицијата за да признае дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Боре Видевски бил тепан од страна на полицијата за да признае дека тие ги убиле Вања Ѓорчевски и Панче Жежовски, сведочеше пред судот, Зоран Петковски првиот сведок на Љупчо Палевски. Бидејќи бил бивш разузнавач, оваа информација му ја кажале началници од СВР Скопје, лани во февруари кога бил повикан во полиција на разговор за убиствата , како член на партијата Десна.

Петковски иако знаел дека е незаконски го снимал разговорот на диктафон. Во својот исказ пред судот, тврдеше и дека комуницирал со Палевски на 27 ноември 2023-та на таен канал на Телеграм, во период кога беше киднапирана и убиена Вања, но пораките ги немал бидејќи се бришеле сами 30 минути по испраќањето.

  • Некаде во 54. минута од снимениот разговор, инспекторот Зарински ме праша „Го познаваш ли Боре?“ Му одговорив потврдно. Веднаш потоа со десната рака покажа дупка во ѕидот, десно од неговиот работен стол, и ми кажа „Ете тоа е од Боре. И ова не смеам да ти го кажувам, но користевме стари методи за добивање признание.“ Не ми е чудно, затоа што и самиот потекнувам од една таква структура, но сметам дека е битно ако признанието на Боре е изнудено со сила, односно со тепање и мислам дека судот треба да го земе тоа предвид… И продолжи со зборовите: „Кога влезе Влатко, ми кажа, Боре и Вељо, тие го внесоа во гепекот, од каде го превезов““– додаде сведокот Петковски.

Таа снимка одбраната на Боре Видевски ја предложи како доказ, но судот не ја прифати затоа што била обезбедена на незаконит начин. Неговиот адвокат тврди и дека имаат медицински извештаи дека обвинетиот бил тепан од страна на полицијата и затворските полицајци.

Реклама
  • „Снимката што ја понудив како доказ беше доставена од наша страна уште во октомври. Беше дадена на основа на исказот на сведокот, инспекторот Дејан Димовски, кој сведочеше претходниот ден. Со неприфаќањето на снимката како доказ, Судот го прекрши Законот за кривична постапка, затоа што јас како бранител на обвинет имам право на основа на исказ на сведок да обезбедам соодветна одбрана. И по денешниот даден исказ од сведокот, ако сакаме да водиме целисходна постапка, треба да биде повикан да сведочи и другиот инспектор, којшто, исто така, присуствувал на изнудувањето на признанието од Боре Видевски, бидејќи истиот е дел од таа постапка и треба да биде предмет на нов процес“ – рече адвокатот Манев.

Обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев не предложија никакви материјални докази и ќе даваат само исказ пред судот. Палевски треба да подготви листа на докази и да ја достави до судот. Одбраната на Александар Ѓорчевски – таткото на Вања, ги изведе своите докази со кои тврдат дека становите на улицата Наум Наумовски Борче и булеварот Партизанска веќе биле во сопственост на неговите ќерки Вања и Миња, со што, според одбраната,  мотивот – користољубие не држи вода. 

Судењето за двојното убиство продолжува за една недела, кога исказ пред судот треба да дава уште еден сведок на Палевски, а ќе треба да се изведуваат доказите кои ги предлага одбраната на првообвинетиот.