Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Прва регионална конференција за заштита од пожари

Подобрување и унапредување на знаењето, поттикнување иновации за подобра и поефикасна превенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување и унапредување на знаењето, поттикнување иновации за подобра и поефикасна превенција од пожари. Експерти, професори и компании од 23 земји на конференција во Скопје дебатираа и разменуваа искуства, идеи и знаења за подобра примена и контрола на мерките за заштита од пожар, со посебен акцент на градежништвото.

Првиот човек на Здружението на инженери за заштита од пожари, Тања Василевиќ Владев вели дека најмоќната алатка за справување со предизвиците со градењето и градење отпорност при заштита од пожари е знаењето.

„Ова е само почеток. Нашата визија е да изградиме мостови меѓу различни дисциплини и генерации, да поттикнеме истражување и да обезбедиме поголема безбедност за сите“ вели Тања Василевиќ – Владев, претседателка на СФПЕ Македонија

Реклама

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека ќе продолжи стратешката соработка. Оттаму сметаат дека е потребно подобрување на законските акти, но и зголемување на ефикаснсоста при превенцијата за да се намали ризикот од пожари.

„Нашата заедничка цел е многу јасна, да ја унапредиме безбедноста на објектите, да ја подобриме превенцијата и да го намалиме ризикот од пожари кои можат да доведат до несакани и трагични последици. Брзиот технолошки развој и современите материјали носат нови предизвици со кои мораме да се соочиме. Дирекцијата останува целосно посветена на оваа мисија“ вели Кашмир Салиу, заменик директор на Дирекција за заштита и спасување

Меѓународните партнери ја нагласуваат и глобалната важност на стандардизација, но и научните истражувања во областа на противпожарната заштита.

„Нашата мисија е да спасуваме животи преку информации, знаење и посветеност. Секој од вас може да учествува во процесите на стандардизација и да придонесе за унапредување на стандардите. Безбедноста е заедничка одговорност и бара ангажман на целата заедница“ вели Биргите Месершмит, директорка за истражување во НФПА

Организаторите на конференцијата сметаат дека ваквите настани се добра можност за размена на знаења, искуства и најдобри практики, како и за вмрежување со врвни експерти од Европа и пошироко.

Давид Крстевски