Прва регионална „Бекутан“ конференција во Скопје: Родителството некогаш и денес
Што е мит, а што вистина во родителството и дали постои рецепт…
12.11.2024
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Што е мит, а што вистина во родителството и дали постои рецепт за совршен родител? Родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси – ова беа дел од прашањата и дискусијата што се водеше на прва регионална „Бекутан„ конференција што се одржа во Скопје. Сопствените примери и искуства на оваа тема, низ непосредни тематски панел-дискусии ги изнесоа познати личности од Македонија но и од регионот.