Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Свет

Прв смртен случај на дете со симптоми на болеста Кавасаки

Во Франција е забележан првиот смртен случај на деветгодишно дете, кое страдало…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Франција е забележан првиот смртен случај на деветгодишно дете, кое страдало од симптоми на форма слична на болеста Кавасаки, регистрирана кај млади пациенти кои биле во контакт со коронавирусот. Починато дете не ги развило симптомите на КОВИД-19 иако испитувањата покажале дека било во контакт со вирусот.

Научни педијатриски друштва испратија предупредување за заразата со која од 1 март во Франција се идентификувани 125 случаи, претежно деца со африканско потекло на просечна возраст од 8 години.  Американските власти вчера издадоа предупредување до здравствените работници за ретката, но потенцијално фатална воспалителна болест која ги погодува децата и евентуално е поврзана со Ковид-19.

За прв пат болеста била пријавена кон крајот на април во Велика Британија каде најмногу биле погодени децата од Африка, Антилите или Северна Африка,  а слични синдроми се пронајдени и кај деца во Италија, Шпанија, Швајцарија или САД.

Реклама

Симптомите се значително влошување на општата состојба, треска, суви усни, осип што личи на скарлатина, големи лимфни јазли во вратот. Сите овие деца имаат голем воспалителен синдром и воспаление на неколку органи, за што е неопходна итна хоспитализација. Истовремено е неможно да се утврди точната дијагноза, како и изложеност на Ковид-19.

Според научниците, остануваат многу прашања во врска со овие атипични клинички слики, кои се чини дека одговараат на пост инфективен синдром на Ковид-19. Сепак, останува фактот дека  овие случаи се многу ретки.

Викторија Миткова