Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Чиста правда и судење без одолговлекување побараа родителите на починатите во „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чиста правда и судење без одолговлекување побараа родителите на починатите во „Пулс“ денеска на 50-от  „Марш за ангелите“ во двете свои обраќања, на платото во Трговскиот центар и од пред Основниот суд во Кочани.

Родителите, вообичаено Маршот го започнаа од „Паркот на Револуцијата“, а го завршија пред Судот, со попатни станици во Трговски, пред зградата на  УЈП и Полициската станица.

Александар Наунов, татко на починатата Надица, и претседател на Здружениетона граѓани „16 Март 2025 Кочани“, од Трговски рече дека тие не бараат пресуда од улица, туку редовно закажување на рочиштата, а секое одлагање јасно и јавно да се образложи.

Реклама

-Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно, децидно истакна Наунов.

Нашите деца, насилно одземени од нас, нема да се вратат, но вистината и правдата не смеат да изостанат, додаде претседателот на  Здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов, имаше свое обраќање од пред Основниот суд и Обвинителството од каде побара информации за повеќе постапки и сомнежи за можни кривични дела поврзани со трагедијата од 16 март лани.  Таа спомена сомнежи за даночно затајување, неправилности околу издавањето на лиценцата и евентуално фалсификување исправа, давање поткуп и давање награда за противзааконито влијание. Посочи и на  предистражните постапки поврзани со УЈП и Државниот инспекторат за труд.

Блажева од  Обвинителството побара јавно да појасни кои постапки се водат, против кого, за кои кривични дела и до каде е нивната реализација.

-Бараме институциите да постапуваат и да дадат одговори. Правдата мора да важи за сите, порача Блажева, сестра на настрадано момче во пожарот во „Пулс“.