Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Јогата како главно средство против стресот и за здрав дух во здраво тело – сликовницата „Мила и Таро“ од Александра Младенов доби и кинеско издание

Во скопската населба Ѓорче Петров, денеска беше претставена интерактивната сликовница „Мила и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во скопската населба Ѓорче Петров, денеска беше претставена интерактивната сликовница „Мила и Таро“ од македонската уметница, писателка и илустраторка Александра Младенов, односно нејзиниот превод на кинески мандарински јазик.

– Идејата за сликовницата произлезе од тоа што јас долго време сум јога-тренер за деца, а и самата ја практикувам јогата против стрес. Главна тема тука се раноразвојните рефлекси коишто преку движење се интегрираат за да се развива нервниот систем кај децата. Девојчето Мила и нејзината желка Таро ги водат децата низ јога-вежби и движења што поттикнуваат смиреност, рамнотежа, концентрација и свесност за сопственото тело, изјави Младенов.

Ова е сликовница за деца, родители и педагози - за заедничко читање, вежбање и опуштање. По промоциите во јуни во Кочани и Виена, и по македонското и германското издание, сликовницата сега е

По потекло од Македонија, од Кочани, а инаку родена и живее во Виена, Младенов е и логопед, специјален едукатор и рехабилитатор и јога-инструкторка. Таа во Австрија работи со деца од над 40 националности, меѓу кои кинесчиња, кои учат да говорат германски. Така ја добила идејата, па покрај македонското и германското издание, сликовницата сега е преведена и на мандарински јазик. Присутните се согласија оти Александра Младенов ги оправда својата професија, талент и волја, создавајќи дело од особена важност за детскиот развој, на еден толку поучен, а сепак едноставен и разбирлив начин.

Реклама

Преводот на книгата на мандарински јазик 《米拉和塔罗》 е дело на професорката Сузана Недевска – учителка во Училиштето за мандарински јазик „Ни хао“.

– Желбата за работа со деца си го направи своето, како и вљубеноста во сликовници. Тоа ме поврза со писателката Александра Младенов. Таа ми се јави и посака, покрај англиската, македонската, германската, да направиме и кинеска верзија. Кога се твори за деца, чувството е најубаво. Предизвик е да се напише, но и да се преведе една ваква сликовница, треба да влеземе во светот на децата, па да го упростиме кинескиот јазик, бидејќи тука се работи за високи стилски вежби коишто требаше да им се доближат на можностите на децата. Во лекторирањето што го извршив јас, имав значајна помош и поддршка од колешката од институтот, Јухенг Лиу, па така ја подготвивме заеднички сите, изјави Недевска.

Прашана, зошто баш кинески, Младенов рече дека била поттикната од тоа што им предава Германски на кинески деца и забележала специфични тешкотии кај нив.

– Забележав дека тие се соочуваат со еден облик на дислексија и многу ми е важно оваа тема да се развие на глобално ниво. Со оваа мала сликовничка сакам да допрам – на едноставен начин, до повеќе земји, и луѓето да ја увидат важноста на јогата, па и другите спортови како сигурен пат до здраво тело и здрав дух, појасни Младенов.

Истовремено, се вели, оваа сликовница претставува прекрасен придонес во негувањето на македонскиот јазик меѓу најмладите и уште еден доказ дека Македонците во дијаспората со љубов и посветеност ги пренесуваат своите вредности на помладите поколенија. Преку патешествието на главните ликови, како што беше нагласено, децата и родителите имаат можност да го откријат светот на развојот низ игра, љубопитност и нови искуства и да ја спознаат неговата важност.

Сликовницата, според авторката, раскажува за два детски лика кои на топол и разбирлив начин ни ја презентираат важноста на движењето, учењето и здравиот детски развој.

– Ова е сликовница за деца, родители и педагози – за заедничко читање, вежбање и опуштање, додаде таа.

Имаше и детска креативна цртачка работилница проткаена со неколку едноставни детски јога-вежби.