Спортот е јазик кој го разбираат сите – јазик што ги обединува регионалните лидери, спортските легенди и младите – ова е главната порака која беше испратена од првиот регионален спортски самит – настан кој не зборува само за натпревари и резултати, туку за спортот како идентитет и како мост меѓу политиката, дипломатијата, бизнисот и културата. Вицепремиерот Александар Николоски на отворањето порача дека Владата е сериозно посветена на спортот. Министерот за спорт е дециден дека ќе обезбеди поддршка за секој спорт и секој талент.
„Она што ние можеме да го направиме е да помогнеме да се развива инфраструктурата и да се даде шанса на сите оние кои што сакаат да спортуваат, од рекреативно до професионално тоа да го прават. Тоа е од една страна и од друга страна да овозможиме на нашите најголеми таленти најдобри спортисти да покажуваат резултати“, изјави Александар Николовски – вицепремиер и министер за транспорт
„Наша обврска како институција е да обезбедиме стабилен фер и одржлив спортски систем. Систем што ќе им служи на граѓаните, ќе ги охрабрува младите и што ќе ги мотивира бизнисите да инвестираат таму кај што има смисла, во луѓето. Ние како држава само во последната година вложивме рекордни 20 милиони евра во спортот. Ја проширивме инфраструктурата, изградивме сали, базени, игралишта“, изјави Борко Ристовски – министер за спорт

Своите ставови ги споделија и колегите од регионот – министерот за спорт на Србија, Зоран Гајиќ и црногорскиот колега Драгослав Шчеќиќ се согласија дека спортот на најприроден начин ги поврзува луѓето.
На самитот присуствуваа и спортски легенди – македонската фудбалска икона Горан Пандев, кој ја предводеше Македонија на Европското првенство и поранешниот фудбалер и потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, Предраг Мијатовиќ.
изјави поранешниот фудбалер Горан Пандев.
Кога е спортски проект во прашање, а секако и кога останатите сегменти на клубот се во прашање, важно е сите членови на управниот одбор да бидат на една група што на ист начин гледа на напредокот на тој клуб и во кој правец тој клуб треба да се движи“, изјави поранешниот фудбалер Предраг Мијатовиќ.
Спортистите, бизнисмените и државните функционери заедно можат да ја остварат мисијата доколку се обединети – да се изгради спорт кој е фер, достапен и инспиративен, за младите да веруваат дека иднината ја имаат во своите раце, компаниите да видат вредност во поддршката а државите да препознаат дека спортот е мост за меѓусебно разбирање и соработка.
