Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Пругата од Крива Паланка до бугарска граница ќе се гради летово, Коридорот 8 се гради со забрзана динамика

Од застој до забрзана градба. Вториот дел од пругата кон Бугарија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од застој до забрзана градба. Вториот дел од пругата кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка активно се гради. Одглавен е и проектот за Вицепремиерот Александар Николоски информира дека е објавен тендерот за избор на надзор за  третата фаза од Крива Паланка до граница. За десетина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, за летово да почнат работите на терен. На овој потег останува уште да се изгради заедничкиот железнички тунел со Бугарија кој ќе се финансира со европски пари. Николоски се надева дека Бугарија ќе има стабилна Влада со која проектот ќе се реализира.

„Третата фаза, останува проценетата вредност иста, секако ќе видиме какви понуди ќе добиеме, но проценетата вредност останува иста. Во однос на изградбата на тунелот се надевам извесно е дека Бугарија конечно ќе има стабилна влада, дека ќе продолжиме да работиме таму каде што застанавме со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов и дека во текот на летото и таму ќе бидат завршени работите. Рокот за завршување останува исти, 2031-2032 година да целосно од наша страна се завршат работите. Бугарија ветува дека со исто темпо ќе заврши од нивна страна“ – рече Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Од Албанија до Бугарија преку автопат или експресен пат. Николоски вели дека активно се работи на реконструкција на преминот Деве Баир и негово проширување, а Ќафасан веќе се модернизираше. Конзорциумот Бехтел и Енка активно гради на двете делници од Тетово до Букојчани, а во финална фаза е и  изборот на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани. Вицепремиерот потенцираше дека пат од Требеништа до Ќафасан дефинитивно ќе има, но поради забелешките од УНЕСКО ќе се менува трасата. На исток, следна делница за изградба е онаа од Куманово до Страцин.

Реклама

Во моментот заедно со ‘Бехтел и Енка‘ работиме на изградба на автопатот Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Исто така работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево, а во моментот сме во финална фаза на избор на изведувач за автопатот Кичево – Бокојчани, уште една делница од Коридорот 8. Заедно со Европската Унија ќе работиме во рамки на Планот на раст за изградба на експресен пат помеѓу Куманово и Страцин, за кој се надевам дека следната година ќе можеме да го почнеме “ – рече Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Еден од главните поддржувачи на инфраструктурните проекти е Европската Унија, која вложува дури 1,2 милијарди евра во патниот и железничкиот дел од Коридорот 8.

„ Тој ќе биде имплементиран за да може што побрзо придобивките од спроведувањето на проектот да може да ги уживаат како граѓаните, така и бизнисите “ – рече Бен Нупнау – заменик шеф на делегацијата на ЕУ.

Сите инвестиции за изградба на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чинат вкупно пет милијарди евра.