Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Провославните верници денеска го празнуваат Успението на Пресвета Богородица

Со црковни литургии изутрината започна да се слави Успението на Пресвета Богородица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со црковни литургии изутрината започна да се слави Успението на Пресвета Богородица и заврши двонеделниот пост за големиот христијански празник. Според верата, Мајката Христова, Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Македонскиот народ со повеќе свечености и со народни собири и панаѓури го слави празникот познат кај народот и како Голема Богородица.

Поради големото значење на Пресвета Богородица за црковнота историја, православните христијани се воздржуваат од мрсна храна две недели пред празникот.

Реклама

Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Верници не само во главниот град, туку низ цела Македонија ги наполнија храмовите. Палеа свеќи за здравје и бериќет, но и за мир и напредок на сите луѓе.

Како што налага традицијата, по црква се оди на ручек кај постарите, но се почесто верниците не готват дома и празникот го поминуваат низ угостителските објекти.

Државниот врв испрати честитки по повод верскиот празник. Претседателката Сиљановска Давкова, премиерот Мицкоски и спикерот Гаши на верниците им посакаа разбирање, добрина и меѓусебна почит.