Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Протести на „Црн петок“ за подостоинствени плати

Револтот на вработените во дел од институциите, утре ќе се излее на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Револтот на вработените во дел од институциите, утре ќе се излее на улиците низ главниот град. Притисоците и заканите нема да ги поколебаат вработените во обвинителствата, судовите, државното правобранителство, фондот за здравство, народниот правобранител како и дел од министерствата да излезат на улица за повисоки плати.

  • „Сите заеднички, солидарно ќе оддржиме еден голем протест утре, кој ќе започне пред зградата на ССМ и ќе продолжи со движење до собранието, каде ќе бидат испратени пораки до народните избраници, ќе се оди до министерството за правда и тој протест ќе заврши пред владата, каде што ќе бидат испратени пораки, кои што се надеваме дека ќе вродат со плод.“ – Изјави Бојан Трипуновски од УПОЗ.

Синадикатите велат дека се крајно навредени од неодамнешната изјава на вицепремиерот Бетиќи, кој рече дека ќе има повисоки плати, ако во здравството има поквалитетни услуги и ако во судовите предметите не чекаат со години.

  • „Ваквата изјава е тенденциозна, омаловажувачка и крајно непочитувачка за нашата работа. Судската служба ја сочинуваат чесни луѓе, кои не можат по законски овластувања, како и по опис и попис на работа, не можат да имаат никакви влијанија по одолговлекувањето на судските предмети“ – Порача Јасмина Величкова од синдикатот на судска администрација.

Величкова додава дека за работата на судската администрација, доказ се бројките и парите кои се слеваат во државниот буџет. Синдикалците бараат извинување од Битиќи.

Реклама
  • „Изјавата која што ја даде вицепремиерот Бетиќи е срамна за еден вицепремиер, кој што сака оние со најниски примања да ги скара едни со други“ – Додаде Трипуновски.

Утре за поголеми плати ќе протестира и независниот синдикат на здравствени работници пред министерството за здравство, а на протест наредниот петок за подостоинствени примања ќе излезат и пензионерите.

Никола Цветкоски