Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Протест за чист воздух, се бараат мерки за енормното загадување

Итни решенија или радикализација на протестите. На Скопјани им е преку глава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Итни решенија или радикализација на протестите. На Скопјани им е преку глава од празни ветувања. Во недостиг на решенија од страна на надлежните, правото на чист воздух ќе бараат преку мирен протестен марш кој ќе започне од министерството за животна средина а ќе продолжи кон собрание па се до владата на Република Македонија.

,,Ако ние како граѓани сме пасивни во оваа борбам, како граѓани сме во ред нашите сограѓани умираат, тоа и нас ќе не стигне истата судбина за неколку години, 5 до 10 години кога сите ќе имаме рак. Дали треба да умираме споро и и да набљудуваме мирно, и, да го пиеме кафето утринско. А ако сакаме да не фатиме сите рак, тогаш очигледно е дека мора да радикализираме секакви протести,, изјави Горјан Јовановски, еко активист.

Скопје подолго време е прв на листите на европско ниво со аерозагадување, а годишно околу 4000 до 5000 луѓе ги губат животите како последица од лошиот воздух, што е околу 18% од вкупната смртност во државава. Додека едно од девет починати деца го губи животот поради аерозагадувањето што не прави рекордери на уште една црна листа во Европа, по смрттност.

Реклама

Еко активистите алармираат, сметаат дека е загрижувачка состојбата со загадувањето на воздухот. Оттаму се спремни да понудат пакет на мерки со кои ќе се подобри состојбата.

,,Ние барањата ги класифицираме во четири категории. Едната категорија е справување со загревањето, дали тоа би било во домаќинствата или институциите, посебно оние кои користат мазут, коишто треба да се префрлат на загревање од обновливи енергии-фотоволтаиици, фотоволтаични системи. Вториот дел коишто го адресираме е секако автоцентричноста на градот. Кога немаме добар јавен превоз, добра велосипедска мрежа, овој град и во сите други, нормално е дека ќе се користат се повеќе автомобили, што значи треба да се ограничи увозот на стари автомобили, да се подобри јавниот сообраќај, и на граѓаните им се понудат повеќе алтернативни сообраќајни мрежи” изјави Јовановски.

Според податоците на платформата Ај кју ер штетните ПМ честички се неколку пати над дозволеното, смрдеата која ја дишат Скопјани за надлежните на чело со градочалничката Данела Арсовска како да не се доволни, па речиси три години по предизборните ветувања за зелено и чисто Скопје, се што остана се само празни зборови кои ја втурнаа метрополата во еколошка криза како никогаш до сега.

Даниел Ѓорѓевски