Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Протест во организација на независниот полициски синдикат

Полицискиот синдикат денеска излезе на протест со барање за почитување на Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицискиот синдикат денеска излезе на протест со барање за почитување на Законот за минимална плата и уедначување на судската пракса во државата. Причина за револтот се, како што велат, обидите на дел од судиите во Апелациониот суд во Скопје да го сменат веќе воспоставениот став на судовите во Битола и Гостивар, каде полицајци веќе добиле судски одлуки за исплата на разлика до минималната плата.

„За жал во Скопје судовите велат дека тоа не следува… тука доаѓа до голем револт голема невоедначеност на платите, а платите многу е едноставно е да ги пресметате само треба да го помножите бодот односно висината на бодот со бројот на бодови кои ги имаме. Ова доаѓа по нивното советување, конференција, состанок во МВР каде што претпоставуваме дека поради умилкување судиите сакаат да постигнат целосна промена на судската пракса и законот во полицијата да не важи, односно законот за минимална плата да не биде применет како што треба во државата“, изјави Мартин Ефремов претседател на полицискиот синдикат.

Од Апелациониот суд Скопје велат дека немаат донесено различни одлуки, туку дека предметите се враќаат за дополнително економско вештачење, со цел правилно утврдување на фактичката состојба.

Реклама

„Апелациониот суд Скопје нема донесено различни одлуки по предметите поврзани со тужбите за исплата на разлика во плата на вработените во Министерството за внатрешни работи.
Од страна на овој суд во жалбена постапка првостепените пресуди по овие предмети се укинати заради дополнување на економските вештачења, со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба“, велат од Апелациониот суд во Скопје.

Од МВР со поддршка за протестот. Оттаму велат дека сите протести се уставно загарантирани и дека во овој случај незадоволството не е насочено кон Министерството туку кон одредени судови.

„Министерството за внатрешни работи го почитува и поддржува уставно загарантираното право на протест. Од јавно достапните информации може да се заклучи дека незадоволството кое е изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР туку кон постапувањето на одредени судови во процесите во кои полициските службеници ги остваруваат некои свои права, велат од МВР за протестот што денеска во центарот на Скопје го организираше Независниот синдикат на полицијата (НСП)“, велат од МВР.

Денешниот протест започна кај раскрсницата кај Мавровка, а продолжи со марш до Судскиот совет. Полицискиот синдикат на Македонија поддршка доби и од нивните колеги и синдикати од Балканот и Европа и најавија дека и во идинина протестите ќе продолжат доколку институциите останат глуви на нивните барања.