Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

Протест на жителите од Кочани заради проблемот со загадувањето од комуналната депонија

Граѓани и активисти од Кочани, рано утринава , го блокираа патот  кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓани и активисти од Кочани, рано утринава , го блокираа патот  кон Пониква, кој води до депонијата кај селото Бели. Не дозволуват  комуналните возила од околните места да  вршат дотур на смет во Градската депонија. Ниту градежната механизација, која  вчера  влезе и почна да ја чисти и санира  депонијата, не успеа да ги  предомисли еко активистите, протестите  да ги стават во мирување. 

„Целта ни е да спречиме дотур на отпад од околните места, затоашто нашата депонија нема капацитет ни градска да биде, а најмалку регионална. Имаме едно и единствено барање, каде е депонијата таму да се чувствува. Никој не ја сака ни во дворот, ни во собата, ни во душата„ изјави еден од организаторите на протестот, Благица Сабовлјевик-Стоименова.

Блокадите ќе траат деноноќно, децидни се граѓаните. Преземањето на вакви радикални мерки велат, е единствениот начин за да го изразат своето незадоволство од нерешавањето на проблемот со горењето на отпад. Тврдат, дека енормното загадување на воздухоте причина за зголемениот број на граѓани, со респираторни заболувања.

Реклама

„До умирачка ќе останеме, 24/7. Драги сограѓани, организираме депонијада. Повелете, ќе биде весело. Подобро да е весело, отколку да е тажно, како што се тажни изминатите шест месеци со енормно зголемен број на заболени„ изјави еден од организаторите на протестот, Благица Сабовлјевик-Стоименова

Рано утринава е веќе разговарано со граѓаните, вели за Алфа, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

На граѓаните им е посочено дека депонијата ќе се обезбедува 24часа, со што ќе се контролира влегувањето на неовластени лица, за да се спречи намерното потпалување на истата. Депонијата, целосно ќе биде затворена за да нема чадење, а ќе биде третирана и со морски алги. Побаравме да ги пуштат возилата на кочанското комунално претпријатие, со цел градот да не се затрупа со смет“, вели во телефонски разговор, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Градската депонија во Кочани, стана сериозен проблем за градот откако на неа почна да се исфрла и отпад од соседните општини, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај Свети Николе. 

Александра Ристевска