Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

Протест на пензионерите пред Уставен суд – бараат да остане линеарното покачување

Пензионери од повеќе градови дојдоа на протест пред Уставниот суд, револтирани што …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионери од повеќе градови дојдоа на протест пред Уставниот суд, револтирани што  судијката Добрила Кацарска го оспори линераното зголемување на пензиите во септември од 1.000 денари. Незадоволни што со процентуално  зголемување, оние со најниски пензии едвај преживуваат, бараат да се задржи сегашното решение за линеарно покачување, за колку толку да се одржи нивниот животен стандард. Велат најголем број од овие пензионери, останале без работа во времето на транзицијата, како технолошки вишок, фирмите им отишле под стечај или пак компаниите не им уплаќале придонеси. Побараа поддршка и од пензионерите со повисоки примања да се солидаризираат со нив и да ги поддржат протестите. Велат јазот меѓу најниската и највисоката пензија се продлабочил низ годините.

„Досега беше со процентуално зголемување на пензиите од 600-700 денари. Ќе немаме за леб, ако се случи да биде процентуално. Јазот меѓу најголемата и најмалата пензија беше 1 спрема 4, сега е 1 спрема 7 и само ќе се зголемува. Доста е пензионерите да бидат поделени“ – вели пензионерот Зоран Трајков.

Доколку Уставниот суд го укине линеарното зголемување на пензиите, тие ќе излезат повторно на протест на 10-ти декември пред канцеларијата на ЕУ. Од Пензионерскиот синдикат велат дека со линеарното покачување се зголемило учеството на висината на просечната пензија во просечната плата од 51% на 58% за година и пол, што пак не е доволно да се достигне европскиот стандард од 60% за да се смета дека највозрасните имаат солиден животен стандард.

Реклама

Уставниот суд треба да донесе конечна одлука откако претходно отвори предмет по иницијатива на судијката Кацарска за можна дискриминација на оние со повисоки пензии кои уплаќале поголема сума на придонеси и имаат поголем работен стаж. Оваа одлука нема да го опфати линеарното покачување од 5.000 денари, односно 2500 денари лани во септември и 2500 денари во март годинава. Мицкоски го оправдува ова решение како поправедно, додека лидерот на СДСМ Филипче смета дека 90% од пензионерите се оштетени, инаку би добиле 1.200 до 1.500 денари плус на своите сметки.  Следното зголемување на пензиите е предвидено за во март догодина од 1000 денари линеарно, по што ќе се врати старата пресметка согласно швајцарскиот модел, покачување согласно растот на инфлацијата и просечната плата.