Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Пропусти, силни врски или незнаење- Зошто девијантниот Јованов, е третиран како помлад полнолетник!?

Пропусти на системот, силни врски во Судот или не знаење на судијката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пропусти на системот, силни врски во Судот или не знаење на судијката Даниела Алексовска Стојановска. Која е причината што девијантниот Васил Јованов судот го истретира како помлад полнолетник со наполнети 20 години и го прати во воспитен дом наместо зад решетки поради пакување и продавање на дрога? Дел од правната фела се зачудени од терминот помлад полнолетник, а речиси ниту еден адвокат досега не сретнал вакво нешто. Поранешниот министер за правда Михајло Маневски вели дека во случајот очигледно е дека се заташкувала постапката и се прогледувало низ прсти, со цел Јованов да избегне притвор.

Во воспитни домови обично се испраќаат деца кои потекнуваат од дисфункционални семејства, деца без родители и растени на улица. Маневски вели дека Јованов потекнува од ситуирано семејство од кое добил и возило, а немал ниту возачка дозвола. Според него, трагедијата што се случи со младата дизајнерка од Неготино е последицата од невоспитувањето на возачот.

Гневот кај граѓаните за прегазувањето на 22 годишната Фросина Кулакова на пешачкиот премин кај Универзална и денеска не стивнува. На социјалната мрежи се шири петиција потпишана над 12.000 луѓе кои бараат доживотен затвор за 20 годишниот Васил Јованов. На 29 јануари 15 минути пред полноќ, тој возел пијан и ебз возачка со огромнна брзина и поминал на црвено. Од ударот на лице место ја усмрти младата дзајнерка.

Реклама

Граѓаните на вчерашниот протест бараа одговорност од судскиот систем и најстрога казна за возачот. Со перфоманс на крвави раце пред Кривичниот суд побараа судијката што го ослободи Јованов за дрога, да понесе одговорност. Се протеситраше и пред Собранието.

Протестот почна на пешачкиот премин кај Универзална каде животот го загуби Фросина Кулакова. Голем број граѓани во редици чекаа да положат цвеќе и свеќи на местото каде е најдено нејзиното тепо по ударот од пежото на Јованов.