Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Проневерени над 35 милиоини евра: Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за обвинетите за скандалот со Онкологија

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт поднесен од Обвинителството во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт поднесен од Обвинителството во случајот познат во јавноста како „Онкологија“, со кој на обвинителна клупа ќе седнат поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и неколку онколози.

-Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот“, велат од Кривичен суд.

Поранешниот директор Нино Васев е обвинет за злоупотреба на службена положба и загрозување на здравјето на пациенти. Според обвинението, кај најмалку 29 пациенти било утврдено погрешно дозирање на терапијата и отстапки од стандардните онколошки протоколи. Во дел од постапката се наведува дека Васев имал помош од колешка од одделот за тумори на дојка.

Реклама

Покрај него, обвинети се и двајца лекари од одделот за белодробни заболувања, за давање терапија без медицинска оправданост.

Во вториот дел од постапката, Васев и поранешниот медицински директор Нехат Нухи се товарат за проневера и измама во вредност од над 35 милиони евра, со што е нанесена голема штета на државниот буџет. Според Обвинителството, станува збор за недоставување на лекови на пациенти, додека финансиските средства биле неосновано повлечени.

Случајот „Онкологија“ го потресе здравствениот систем и беше отворен пред две години. Обвинителството го оценува како еден од најкомплексните случаи на криминал во јавното здравство досега.