Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ од годинава ќе доделува специјална награда „Мето Јовановски“

Со откривање на муралот на легендарниот македонски глумец, насликан на зградата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со откривање на муралот на легендарниот македонски глумец, насликан на зградата на Кинотеката на Македонија, организаторите на меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“, го најавија 3-тото издание на фестивалот кој од 7 до 11 август ќе се одржи во Дојран. Годинава за првпат ќе се додели специјалната награда во филмската индустрија „Мето Јовановски“.

„Решивме да доделуваме единствена награда Мето Јовановски за извонредно достигнување во уметноста на филмот“, рече Јани Бојаџи, директор на фестивалот „Преку езерото“.

Со проекции на пет долгометражни филмови од кои 4 играни и еден долгометражен документарен, филм фестивалот кој е единствен од ваков тип во Македонија ќе понуди одлична програма за сечиј вкус.

„Официјалната селекција од долгометражната продукција ја чинат насловите, „Руски конзул“, српски филм за свечено отворање, „Сребрен бунт“, израелски долгометражен документарен филм, но со структура на игран филм. Грчкиот филм „Тишина“, хрватскиот филм „Хотел Пула“ и францускиот филм „Заразени“, рече Бојаџи.

Реклама

За прв лауерат на кој што ќе му биде доделена наградата годинава е уште еден дојаен, исклучителен препознатлив македонски актер, кој што има остварено низа значајни улоги во македонската кинематографија, големиот Владо Јовановски.

„За таа цел во рамките на фестивалот ќе биде организирана и посебна вечер, за првиот лауерат на наградата Мето Јовановски, Владо Јовановски“, рече Мими Ѓорговска Илиевска претседател на советот на меѓународниот фестивал „Преку езерото“.

Организаторите упатија покана до сите кои ќе сакаат да го посетат фестивалот да ги видат проекциите во амфитеатарот на градот кој што е на самото езеро, а детската програма ќе се одржи во паркот до општината. 

Со цел развој на македонската филмска и телевизиска индустрија за првпат  преку поддршка на млади автори и филмски творци, годинава е распишан и конкурс за дипломски филм, на кои ќе можат да аплицираат студенти од факултетот за драмски уметности. Предност ќе имаат младите од источниот дел на Македонија.  Конечно, идејата на организаторите веќе трета година по ред е фестивалот да се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото, а од година во година веќе изгради репутација на врвно културно случување не само во Македонија, туку и во земјите од регионот.

Љубиша Владимиров