Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Промовирани книгите „Посланија и беседи“ од архиепископот Доситеј и „Таков архиереј ни требаше“

Во Музејот на националната борба за самостојност денеска се одржа промоција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на националната борба за самостојност денеска се одржа промоција на книгите: „Посланија и беседи“ од Архиепископ Доситеј и „Таков Архиереј ни требаше – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј“.

Промотори на книгите беа архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Книгите се во издание на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а се објавени по повод стогодишнината од замонашувањето на блаженоупокоениот Возобновител на нашата Света Црква.

Реклама

На свеченоста настапи свештеничкиот хор на Скопската епархија. 

Архиепископот  Доситеј (7 декември 1906 – 20 мај 1981) е прв поглавар на возобновената Охридска архиепископија во името на Македонската православна црква.

На црковно-народниот собор во Охрид во 1958, кога се возобновува Охридската архиепископија како Македонска православна црква, е избран за прв поглавар, востоличен во архиерејскиот трон на св. Климент со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски. Под негово раководство на црковно – народен собир во 1967 година, МПЦ е прогласена за автокефална.